ВМРО-ДПМНЕ: Со 1.7 милиони евра Шилегов можел да се купи две противпожарни возила со скали

Од:

Скопје пред се има потреба од домаќинско работење, така со 1.7 милиони евра ќе се купат две противпожарни возила со скали, а не едно. Патетични се објаснувањата и правдањата на мрзеливиот градски арамија Шилегов дека градот има потреба од противпожарно возило со скали, да има, ама не по цена двојно поскапа од таа која ја плаќа град Загреб за исто такво возило порачуваат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Потребата за нешто, не е оправдување за криминал. Возилото кое го купува Шилегов е 1.723.621 евра, исто такво возило град Загреб купил за 794.052 евра. Нема дополнителна опрема која што ќе чини повеќе од возилото. А уште посмешно е дека град Загреб би набавил неопремено возило. Разликата во набавката од 939.569 евра е огромна. И во јавноста со право се поставува прашањето во чии џебови завршила таа, особено ако се земе во предвид дека ј фирмата која го испорачала возилото во Загреб остварила профит од набавката, така доаѓаме до фрапантни бројки. Ова не е предмет само за ДКСК, ова е предмет и за ЈО. Не смее уште едем крупен криминал да заврши со одговорност на некој службеник, одговорност мора да има од врвот. Шилегов не може да се апстрахира од вина. Одговорност мора да има се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 година

Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Дали Богоев местел тендери додека ја водел Царинската управа?

Горан Наумовски