Почна имунизацијата со „Синофарм“, пристигнаа и дел од вакцините од ЕУ

Од:

Во земјава од вчера почна помасовна имунизација на населението. Покрај во Скопје во уште неколку поголеми града почнаа на функционираат регионални вакцинални пунктови. Покрај 200 илјади кинески вакцини, во земјава пристигнаа и првите количини од најавените 120 илјади дози од Европската Унија што вчера ги доставија еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и австриската министерка за Европа Каролине Едштадлер.

Вакцинацијата против Ковид-19 во земјава почна на 17 февруари. Од 5 април почна помасовна вакцинација во вакциналниот пункт во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, каде покрај здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација. Заклучно со 2 мај со „Фајзер“ вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со „Спутник В“ 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со „Астра Зенека“ вкупно 21.949 и со „Синофарм“ се вакцинирани 953 лица.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски