Претседателката на Бразил Дилма Русеф најави серија реформи во обид да стави крај на масовните, насилни протести кои траат веќе една недела.
Во телевизиското обраќање до нацијата таа порача дека протестите се дел од силната демократија, но дека насилството нема да го толерира.
Русеф во говорот кој бил емитуван во ударниот термин на државната телевизија, ветила дека ќе ги подобри услугите во јавниот превоз, дека сите нафтени приходи ќе се искористат во образованието, дека од странство ќе бидат донесени лекари кои се дефицитарни и дека ќе оддржува средби со лидерите на протестот.
Претходно таа одржа итен состанок на кабинетот за да разговараат за протести.
Демонстрациите започнаа околу кревањето на цените на билетите на превоз во Сао Паоло, но брзо прерасна во собири низ земјата против корупцијата и трошоците околу Светското првенство во 2014.