Арап-газда на скопска фирма му издал на вработен лажна дозвола за движење во полициски час

Од:

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Н.(38) од Саудиска Арабија, со живеалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“, соопшти МВР.

„Пријавениот, како управител на правно лице од Скопје, изготвил и издал „дозвола за движење на вработен, поради вршење на сменска и ноќна работа“ и покрај тоа што правното лице немало регистрирана дејност во трета или четврта смена. Исто така, во дозволата што ја издал внел невистинити податоци дека вработениот работи во производствен погон на компанијата и дека ги извршува своите работни задачи во смена во период од 22.00 до 05.00 часот. На 17.03.2021 во 00.15 часот, на пунк на кружниот тек Влае, од страна на полициски службеници бил сопрен вработениот, кој на увид им ја приложил дозволата,“ велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет