Најмалку три лица загинаа, а над 100.000 лица се евакуирани, во поплавите што ја зафатија јужната канадска покраина Алберта.
Канадскиот премиер Стивен Харпер, кој со хеликоптер ги посети загрозените области, изјави дека поплавите се страшни, додавајќи дека засега е тешко да се оцени дали ситуацијата ќе се влошува.
Тој истакна, дека нивото на водата е стабилизирано, како и дека временските прилики се погодни.
Полицијата соопшти дека три лица загинале и дека досега се откриени телата на двајца мажи.
Поројниот дожд доведе до излевање на реките Боу и Елбоу во олимпискиот град Калгари и ширум западниот дел на земјата. Околу 1.300 војници им помагаат на спасувачките екипи. Од Калгари се евакурани 100.000 лица и уште илјада од околните помали места.
Силните дождови ги затворија патиштата и мостовите во другите делови на канадската покраина Алберта. Уште 12 места во соседните канадски провинции прогласија вонредна состојба.