Приведен гостиварец за поседување дрога

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 57-годишен жител на село Здуње, за кој постои основано соменине дека сторил кривично дело „Неовласетно производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-При претрес во возилото на осомничениот, на 28 април 2021 година, овластени службени лица пронашле десет грама наркотична дрога хероин, која осомничениот ја набавил заради продажба. Дрогата била спакувана во две одделни пакувања и скриена зад ретровизорот, информира Јавното обвинителство.

Во насока на непречено одвивање на постапката, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице. Судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рекордна заплена на дрога во Чиле – фатени се над 100 тони кокаин вредни околу 8,3 милијарди долари

А1он

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

20 килограми кокаин запленети во Србија – уличната вредноста на дрогата достигнува и до 5 милиони евра

А1он

Уапсен е скопјанец – пронајдени се марихуана, амфетамин и метадон во подрум во Аеродром

А1он

Претрес во Тетово: Пронајдена е дрога, едно лице е уапсено

Полицијата во Нови Сад пронајде шест килограми кокаин во автомобил, уапсен е возачот