(ВИДЕО) Сајкоски: Немам прочитано дека Гоце Делчев нешто направил за бугарската држава

Од:

„Денеска, како делегација на ВМРО-ДПМНЕ се поклонивме на гробот на еден од најголемите великани и борци за македонска независна и самостојна држава. Се поклонивме пред човекот кој што беше визионер и човекот кој што уште во 19-ти, 20-ти век размислуваше за автономија и за самостојна македонска држава. Ние знаеме дека Гоце Делчев беше човекот со луѓето од револуционерната организација, македонската револуционерна организација кој што во секој македонски дом направи револуционерно огниште. И од тогаш започна единството, од тогаш започна борбата и резултатите дури сега се видливи дека ние имаме самостојна независна држава во овие изминати триесет години“, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

„Во однос на прашањето со Бугарија, и во однос на она за Гоце, од она што го имаме прочитано и што знаеме и анализираме во однос на Гоце Делчев, ние гледаме дека Гоце Делчев се борел за самостојна, независна Македонија. Немам прочитано и немам видено дека нешто направил за бугарската држава. Бидејќи за некој да биде револуционер на некоја држава требал да се борел и да загинел за таа држава. Гоце Делчев загинал за самостојна и автономна Македонија“, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во однос на спорот мислам дека треба да се вразумат властите во Бугарија, во моментов е потребно сите да бидеме дел од ЕУ. И нашите заложби и гледишта се да бидеме дел од ЕУ. Во однос на спорот со Бугарија и она што тие го бараат можат да си слават револуционери што направиле нешто и за бугарската држава и за македонската држава. Меѓутоа Гоце Делчев јас немам видено дека нешто направил за бугарската држава, за да можат и тие да го слават“, одговори Сајкоски на новинарското прашање каде го гледа решението за спорот со Бугарија.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ