53-годишниот Американец Вокер Вашингтон, од државата Џорџија, се преправал дека е еден од членовите на познатата рап група Ву Танг Клан, користејќи го тоа за измами на фирми со кои „заработил“ речиси 300.000 долари, јавија медиумите од САД.
Вашингтон е осуден на осум години затвор за измамите на вкупно 19 компании, а парите ќе мора да ги врати.
По 100-те месеци робија на кои е осуден, тој ќе мора да помине уште три години под стриктен надзор.
Според судските документи, Вашингтон, заедно до соучесникот, 29-годишниот Арон Барнс-Барпо, ги измамувал жртвите претставувајќи се како член на хип-хоп составот од Калифорнија и претставник на издавачката куќа Рок Нејшн, која групата ја основа заедно со раперот Џеј Зи.
Двајцата измамници им извлекувале пари на измамените, ветувајќи им дека ќе им обезбедат песни, албум и соработка со познати изведувачи, меѓу другото. Со парите, тие изнајмувале луксузни лимузини, престојувале во хотели со четири и пет ѕвездички, јаделе во угледни ресторани…
Соучесникот, Барнс-Барпо е осуден на седум години затвор, пишуваат американските медиуми.