До 5 години затвор за Австралијците кои се враќаат од Индија

Од:

Одлуката на австралиските власти своите државјани кои сакаат да се вратат од Индија да ги испратат во затвор, предизвика критики и е оценета како расистичка мерка со која се кршат човековите права.

Откако владата во Канбера ги забрани сите летови од високо ризичните земји до 15 мај, од денеска секој Австралиец кој ќе пристигне од Индија, се соочува со парична казна и затворска казна до пет години, пренесува Би-Би-Си.

Австралискиот премиер Скот Морисон ги негираше обвинувањата за расизам.

– Истите обвинувања беа упатени до владата пред повеќе од една година кога ги затворивме границите за континентална Кина. Во пандамија нема ниту политика, ниту идеологија. Сето ова нема никаква врска со политиката, ова е вирус, изјави Морисон за сиднејската радио станица 2GB.

Се проценува дека во Индија има околу 9.000 Австралијци, од кои 600 се класифицирани како „загрозени“.

Би можело да ве интересира

Австралија воведува петта доза од вакцината против Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Брод за крстарење закотвен во Сиднеј со 800 патници заразени со коронавирус

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снимки од емотивни семејни средби на аеродром, Австралија конечно ги отвори границите

Катерина Ѓуровски

По речиси две години, Австралија отвора граници за вакцинирани туристи

Катерина Ѓуровски

Рекорден број новозаразени со Ковид во две австралиски држави

Скандалот во Австралија се шири: Повеќе од 800 луѓе добиле погрешни резултати од тест за корона