Поранешната украинска биатлонка Олена Демиденко е пронајдена избодена до смрт во градот Хлукив.
Полицијата истакна дека Олена живеела со претходно осудуван убиец и по него се трага.
Осомничениот веројатно веќе ја преминал границата со Русија.
– Телото на 28-годишната поранешна учесничка на европскиот шампионат е пронајдено на скалите во зградата каде што живеела, соопшти портпаролот на полицијата Елвира Биганова.
Демиденко се натпреваруваше на два шампионата на Европа и беше шеста со штафетата на Украина во 2002 година, пред да започне со тренерска кариера