36 пациенти починале од коронавирус, 214 новозаболени

Од:

Од направени 2.276 тестирања во изминатите 24 часа се регистрирани 214 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Најголем број од новозаболените се во Скопје – 94, по што следат Куманово – 29, Тетово – 19, Прилеп и Виница – по 7, Охрид – 6, Велес, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 5, Штип и Струмица – по 4, Битола, Кавадарци, Струга и Кичево – по 3, Гостивар, Радовиш и Богданци – по два, а Гевгелија, Ресен, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод по еден.

Пријавени се вкупно 36 починати лица: 11 од Скопје на возраст од 63 години, 65 години, 65 години, 68 години, 70 години, 71 година, 72 години, 75 години, 76 години, 79 години и 86 години, пет лица од Битола на возраст од 52 години, 60 години, 66 години, 68 и 70 години, тројца од Куманово 68, 79 и 84 години по две лица од Тетово 76 и 82-годишна возраст, Велес на 58 и 71 година, Гостивар на 73 и 74 години, Кавадарци на 70 и 75 години, Струмица на 64 и 78 години и Гевгелија 60 и 68 години, и по едно починато лице од Прилеп на 88 години, Охрид на 87 години, Струга на 46 години, Кочани на 82 години и Кичево на 68 години.

Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 33 се починати во болнички услови.

Пријавени се 14 пациенти кои се починати во период од 1 до 17 април, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Регистрирани се 305 оздравени пациенти од: Скопје – 105, Куманово – 39, Прилеп – 27, Велес – 19, Битола – 17, Тетово – 15, Кочани – 14, Охрид – 13, Кичево – 12, Штип – 9, Струмица – 6, Валандово – 5, Гостивар – 4, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по 3, Кавадарци, Крушево и Пехчево – по 2, Берово, Виница, Демир Хисар, Кратово и Дојран – по 1.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 67404, активни 6635
Куманово 8556, активни 1077
Прилеп 8179, активни 658
Тетово 7114, активни 551
Битола 6151, активни 928
Велес 5407, активни 511
Гостивар 5119, активни 350
Кавадарци 5112, активни 362
Штип 4894, активни 364
Охрид 4913, активни 456
Струмица 4011, активни 485
Струга 2943, активни 159
Кочани 2726, активни 229
Кичево 2474, активни 257
Гевгелија 2177, активни 230
Неготино 2158, активни 184
Свети Николе 1493, активни 118
Крива Паланка 1208, активни 60
Ресен 1210, активни 193
Радовиш 1090, активни 101
Берово 1015, активни 50
Делчево 952, активни 84
Дебар 930, активни 36
Виница 824, активни 130
Пробиштип 773, активни 33
Валандово 660, активни 59
Богданци 491, активни 63
Крушево 481, активни 99
Демир Капија 394, активни 24
Демир Хисар 388, активни 67
Кратово 353, активни 9
Македонски Брод 355, активни 18
Пехчево 262, активни 18
Македонска Каменица 232, активни 15
Дојран 132, активни 7

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.581, бројката на оздравени пациенти е 133.070, на починати е 4.891, а бројот на активни случаи изнесува 14.620.

Направени се 2.276 тестови преку: ИЈЗ-262, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ 8-ми Септември – 9, Институт за микробиологија – 73, МАНУ – 64, Жан Митрев (Филип Втори) – 93, Авицена -132, Биотек – 595, Систина – 89, лабораторија Лаор – 467, Синлаб – 43, Ремедика – 28, Плодност – 44, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 343.

Досега во земјата се направени вкупно 723.722 тестирања на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски