На армискиот полигон Криволак, во стрелиштето Брест, денеска ќе се одржи показна тактичка вежба на тема „Мултинационални сили за задача (чета) во изведување на операции за поддршка и стабилизација“ со што свечено ќе се затвори меѓународниот воен камп „Летен кампус 2013“.
Оваа показна вежба е последна фаза од кампусот на кој питомците и студентите имаа можност да се стекнат со одредено академско ниво во доменот на пост-конфликтните операции, а особено од меѓународно-правните и дипломатски аспекти на напорите за градење на мир во рамки на меѓународните организации како НАТО и ЕУ.
Покрај тоа, учесниците на кампусот се запознаа и со дел од мерките, постапките и напорите за справување со дополнителни предизвици кои се надвор од мисијата, како што се хуманитарни операции, справување со елементарни непогоди, работа со медиумите