ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се обидоа со провизии од кинески вакцини, сега сакаат со студија од 35 страни да потрошат над пола милијарда евра за Клинички центар

Од:

„Македонија со Заев и Филипче се претвори во црна дупка во Европа среде пандемија од Ковид 19 вирусот. Бројките и меѓународните извештаи тоа го говорат. Имаме најголема смртност во светот, најмал број на вакцинирани граѓани и сето тоа е резултат на нивната неспосбност и немање на стратегија.

Можеби немаат стратегија за справување со ковид 19, ама затоа секогаш имаат план за сомнителни зделки и матни набавки.

Еднаш се обидоа со провизии при набавка на кинеските вакцини, сега се обидуваа на крајно скандалозен начин да протуркаат изградба на клинички центар, кој е потенцијален коруптивен бизнис од над половина милијарда евра“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Цели четири години ја замајуваат јавноста со градење на овој капитален објект во здравствената инфраструктура ,цели 4 години прво бараа простор, па пуштаа неколку фотографии, за сега со некаква физибилити студија од само 35 страни да сакаат да почнат изградба. Замислете градење на капитален објект најкорумпираната влада во Европа сака да го отпочне со смешна физибилити студија од неколку страни и за тоа да потрошат 508 милиони евра. Дополнително што таа физибилити студија ја базираат на анализи од 2009 години, чии податоци се застарени и не одговараат на реалната слика и на КОВИД реалноста во која сме веќе една година. Оваа физибилити студија не нуди целосно решение , туку треба да биде само замајување на јавноста во скандалозно трошење над половина милијарда евра само за објект, и уште неколку стотина милиони евра за дополнителна инсфраструктура.

Но, двоецот Заев –Филипче, како и за набавката на вакцини преку фантом фирми од хонг конг, така и за изградбата на клинички центар планира на крајно сомнителен начин да троши огромни народни пари среде епидемија без да понуди план, издржан проект или конкретна стратегија.

Здравјето на граѓаните и здравствениот систем се премногу скапа играчка за нови баснословни иматни бизниси на овој двоец“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ