СДСМ го освои беровскиот совет

Од:

СДСМ успеа да го добие мнозинството во Советот на Берово по двомесечните политички превирања во општината. Советникот на Либералната партија, Јован Матеничарски одлучи да коалицира со социјалдемократите.

Со ваквиот распоред на силите, СДСМ има еден советник повеќе од ВМРО – ДПМНЕ, со однос 8 спрема 7, со што ќе го има конечниот збор при носењето на одлуките.

Со именувањето на Матеничарски за Претседател на Советот на општината, конечно се создадоа услови за конституирање на Советот и избор на неговите комисии и тела.

Градоначалникот на Берово, Драги Наџински, кој инаку е од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, му го честиташе изборот на Матеничарски за нов претседател.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

СДСМ го одржува 32. Конгрес

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски