ВМРО-ДПМНЕ: Со некаква студија од 35 страни, Заев и Филипче сакаат да потрошат над пола милијарда евра, за наводен Клинички

Од:

„СДСМ сака да потроши 508 милиони евра пари на граѓаните за изградба на Клинички за кој немаат ниту проект, Клинички што го базираат на 35 листа физибилити студија. Да не беше трагично ќе беше смешно.

Најкриминалната влада во Европа треба да троши над половина милијарда евра со некаков документ од 35 страни. Тоа покажува дека не само што немаат план, туку и дека се отвора сомнеж за криминал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително физибилити студијата се темели на анализи од 2009 години, кои податоци се застарени и не одговараат на реалната слика и на КОВИД реалноста.

ВМРО-ДПМНЕ предлага нов клинички центар за што има и план кој ќе биде 3 ипол пати поефтин и кој ќе се гради на платото помеѓу ГОБ 8 Септември и Поликлиника Букурешт, со кој ќе претставува функционална целина.

Но СДСМ не сака пофункционален проект, да сакаа до сега ќе го реализираа проектот кој ВМРО-ДПМНЕ им го остави, а за што имаше одобрено и пари.

Наместо за објект по европски стандарди, тие сакаат да дадат пола милијарда евра и тоа само за објект. Тоа се пола милијарда евра за најкорумпираната влада во Европа. А дополнително на тоа имаме трошоци за гас, пристапни патишта, вода, струја итн. Со тоа лесно овој нивен замислен проект ќе се качи на 550 – 600 милиони евра.

СДСМ не мисли за граѓаните. Затоа не внимаваат ниту како ги трошат нивните пари“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски