Москва не му верува на Обама

Од:

Руските политичари со недоверба и сомнеж го примија предлогот на американскиот претседател, Барак Обама за намалување на атомскиот арсенал за една третина.

Претседателот на Русија, Владимир Путин рече дека неговата држава нема да го редуцира атомскиот потенцијал, се додека САД поставува делови од својата противракетна одбрана во соседните држави, бидејќи секое намалување на ракетите и атомските глави би можело да ја наруши рамнотежата.

Тој смета дека атомскиот арсенал треба да го намалат и американските сојузници.

-Русија мора да води сметка за опасноста од првиот атомски удар. САД и понатаму развиваат високопрецизно оружје кое не носи атомски боеви глави , но по разорната моќ не е ништо помалку опасно, изјави Путин.

Неговиот помошник за надворешна политика, Јуриј Ушаков нагласи дека во преговорите за намалување на атомскиот потенцијал мора да учествуваат сите држави, кои што поседуваат такво оружје.

Тие сметаат дека сегашната состојба се разликува од онаа од шеесетите и седумдесетите, кога само лидерите на СССР и САД се договорија за намалување на арсеналот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Се урна хеликоптер во Русија – четири лица загинаа при обид за слетување

А1он

Северна Кореја: Испраќањето војници во Украина би било во согласност со меѓународното право

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди станбена зграда во Киев и предизвика пожар на првите катови

ВИДЕО: Руски конвој нападнат во Чеченија, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

Русија им дала на Хутите клучни информации за ракетните напади врз бродови во Црвеното Море објави „The Wall Street Journal“