Во низата експлозии кои ја потресоа фабриката за пиротехнички средства во близина на Монтреал загинаа две лица, соопшти полицијата.
Експлозии се слушале на неколку километри наоколу, а фабриката потполно е уништена.
По главната експлозија, опремата за огномет и петарди експлодирале во
ште неколку часа, пренесуваат медиумите.
Се уште не е позната причината за експлозијата, бидејќи местото на инцидентот се уште не е безбедно за полициските екипи, пренесе „Франс прес“.
Повеќе од десетина лица се евакуирани, а поради експлозијата затворен е автопатот кој што ги поврзува Монтреал и Торонто како и железничката линија Монтреал-Отава.
Елена Георгиевска