Рускиот истражен комитет покрена кривична постапка против опозицискиот лидер Алексеј Навални поради формирање невладина организација со која се кршат човековите права.
– Нов случај е покренат против Навални според членот 239 од рускиот кривичен закон (создавање непрофитна организација со која се нарушува идентитетот и правото на човекот), се наведува во обвинението.
Неименуван безбедносен извор тврди дека за тоа дело се обвинети уште две лица, Леонид Волков и Иван Жданов. Опозиционерот Навални отслужува затворска казна од две и пол години поради прекршување на условната казна.