Во вториот по големина град во Сирија, Алепо, од синоќа се водат жестоки борби меѓу владините сили и бунтовниците.
Во Алепо вчера пристигнаа неколку колони тенкови на Вороужените сили на Сирија, кои се вклучија во операцијата на владините трупи за разбивање на бунтовничките упоришта во централните, северните и источните делови на градот.
Според воени извори, владините сили напредуваат во населбите Бустан ел Касар и Сахур, каде се стационирани припадници на екстремно исламистичкиот бунтовнички Фронт на победата (Џебхат ак Нусра).
Жестоки борби се водат и низ улиците на населбата Бустан ал Баша, како и околу една касарна и градскиот затвор во Алепо.
Истите извори тврдат дека владините сили одбиле противнапад на бунтовниците во населбата Селуејман ал Хаљаби, како и во курдската населба Ашрафија.
Сириските државни медими информираа дека владините сили разбиле бунтовничка група во централниот дел на Алепо, дека ги затвориле јужните и источните приоди на градот и дека им нанеле големи загуби во жива сила и техника на бунтовниците.