Иако навикнавме веќе на се и сешто да се појавува како нов тренд, сепак британската риалити ТВ ѕвезда Гери Бедли започна нешто ново на социјални мрежи. Тој почна да објавува серија на фотографии направени со девојки со кои тој поминал една страсна ноќ.
Неговото шоу „ Geordie Shore“ е создадено според моделот на популарното МТВ шоу „Jersey Shore“.
„Примерот“ го прифатија многумина, па на социјалната мрежа се најдиа еден куп фотографии направени од непознати млади луѓе и нивниот „улов“.
Популарноста на Гери на Твитер се гледа по неговите следбеници. Него го следат околу 500 илјади луѓе.
Неодамна тој постави прашање со колку девојки би признале момчињата дека спиеле, без притоа да им биде срам за тоа, но многу брзо се извини за својата порака бидејќи сфати дека започна еден процес на фалења и сликања на девојките.Тие веднаш реагираа сите слики што се објавени со нив на профилот да бидат тргнати.
„Му се извинувам на секој кој беше навреден со моето однесување. Ќе направам се што е потребно за да го поправам стореното. Јас моите фотографии кои ги објавив, ги избришав. Се надевам дека и останатите ќе го направат истото“.