Велика Британија купува дополнителни 60 милиони дози вакцини Фајзер

Од:

Велика Британија ќе купи уште 60 милиони дози вакцини на „Фајзер/Бионтек“, соопшти британскиот министер за здравство Мет Хeнкок.

Со овој договор, Велика Британија за повеќе од двојно ќе ги зголеми резервите на вакцини, пред почетокот на забрзаната програма за вакцинирање подоцна оваа година.

Досега, земјата нарача вкупно 100 милиони дози од вакцината на Фајзер, една од трите видови на вакцини што се користат во земјата.

Хенкок рече дека новата пратка вакцини е обезбедена за да се поддржи унапредената програма за вакцинација, која почнува на есен.

Тој истакна дека досега, најголем ризик за вакцинирањето во земјата била новата мутација на коронавирусот.

– Работиме на нашите планови за зајакнување на вакцините. Овие дополнителни 60 милиони дози ќе се користат, заедно со другите вакцини, како дел од нашата унапредена програма подоцна оваа година, за да можеме да го заштитиме напредокот што го постигнавме, рече Хенкок.

Агенцијата за јавно здравје на Англија соопшти дека сè уште треба да се разработат деталите за секоја унапредена програма за вакцинирање и нагласи дека таа ќе биде осмислена така што примарно ќе се имаат предвид новите мутации на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски