Америка се врати, повторно се движи напред – обраќање на Бајден пред Конгресот

Од:

Во обраќањето синоќа пред двата дома на американскиот Конгрес, претседателот на САД, Џо Бајден ги означи приоритетите на неговата Адмиистрација до крајот на годината и се отчети за првите 100-те денови од преземањето на функцијата. Новата Администрација успеала да ја врати вербата во демократијата и да започне процес за обнова на економијата настрадана од пандемијата на Ковид-19.

Поважните теми во говорот на Бајден беа економијата, образование, обнова на инфраструктурата за 21 век, нови работни места, забрзаната вакцинација, климатските промени и соперништвото со Кина и другите автократии.

Настанот започна во 21 часот по источноамериканско време. Конвојот џипови на шефот на државата помина преки контролен пункт на оградта сеуште издигната околу Конгресот, а националнаа гарда патролираше околу зградата, како ехо од немирите во Капитолот годинава на 6 јануари.

Иако надреален поради празната хала на долниот дом на Конгресот, обично преполна кога се обраќа претседател, настанот овојпат имаше посебен шарм. За првпат во историјата на САД во ваква прилика зад еден американски шеф на државата се наоѓаа две жени, потпретседателот Камала Харис и спикарот на Преставничкиот дом, Ненси Пелоси.

-Мадам потпретседател, мадам спикер, се обрати до нив Бајден и подвлече дека нивното присуство испишува историја. Под негово водство, втората и третата по важност извршна и законодавна функција на САД е во рацете на жени.

Спред него, во првите 100 денови Американците засукале ракави и примиле 200 милиони долзи вакцини а економијата создала 1.3 милиони работни места, што е рекордна бројка. Меѓународниот монетарен фонд прогнозира дека американската економија годинава ќе порасне за 6 отсто, рече тој.

-Тоа ќе бидат највисоките стапки на економски раст во оваа земја за речиси четири децении. Америка повторно се движи напред, и не треба да запираме. Се тркаме со Кина и другите земји. Треба да направиме повеќе отколку само обична обнова. Треба да ја обновима нашата земја така што таа ќе биде подобра отколку онаа од минатото, истакна Бајден.

-Научните пробиви и истражувања во оваа земја направија големи работи… ајде да ги победиме болестите како дијабетис, разните вируси и ракот, исповика тој.

Според него, новиот пакет инвестиции за изградба на инфраструктурата ќе чини околу четири трилиони долари, што е приближно еднакво на едногодишниот буџет на САД. „Тоа се уникатни инвестиции од животна важност за Америка“.

Претседателот имплицираше дека САД се во конкуретна борба за „победа на 21-от век“.

На автократиите им е тешко да извојуваат „победа на 21-от век“ бидејќи кај нив тешко се стекнува консезус, рече Бајден алудирајќи на Кина.

Го најави планот вреден 1.8 трилиони долари за американските семејства, што предвидува проширена програма за предучилишна грижа, две години бесплатен колеџ, субвенционирана детска грижа за квалификувани семејства, месечни примања од најмалку 300 долари за родители, како и зголемена достапност за бесплатни и по намалени цени училишни оброци.

Планот вклучува и двонеделено платен одмор за родиели доколу отсуствуваат од работа поради болест на децата. Бајден вети и роширена простап за здравствено осигурување и намалени цени за лекови на рецепти, поддршка и подем на синдикатите во САД.

За да се платат сите овие придобивки за граѓаните Бајден предложи зголемени даноци за богатите Американци – оние со над 400.000 долари примања годишно.

-Поголеми данци за едне процент од Американците и за корпоративна Америка.. време е да ја растеме економија од долу кон врвот. Давањето трошки од милионерите не работи, истакна тој.

Во однос на меѓународната сцена, Бајден истакна дека Америка се врати и има намера да остане.

-Му реков на Путин дека не сакаме ескалација но дека ќе одговориме жестоко на нивните активности, истакна Бајден и додаде дека тоа важи и за Иран и за Кина.

-Да докажаме дека демократијата работи… дека таа е истрајна и силна. Автократиите нема да ја добијат иднината, ние ќе ја добиеме, рече тој.

-Дали нашата демократија може да го испорача ветување дека сите сме еднакви пред Бог, имаме шанса да живееме чесен и достоен живот со можности. Дали нашата демократија може да испорача на најитните потреби на нашиот народ. Дали на[ата демократија може да ги надмине лагите, гневот и стравовите кои не раздвојуваат?

Светските автократии се обложуваат дека неможе, но грешат, знаеме дека грешат и треба да им го докажеме тоа, порача Бајден.

Автократија, пандемија и болка – се справуваме со нив, укажа тој.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија