Американските држави Аризона и Ајдахо ги забранија абортусите, освен во исклучителни ситуации

Од:

Властите на сојузните држави Ајдахо и Аризона со закон ги забранија абортусите освен во исклучителни ситуации. Во Аризона е забрането да се прекинува бременоста по петтата недела, а во Ајдахо се забрануваат дури и абортуси на фетуси со докажани генетска аномалии.

Гувернерот на Аризона, Даг Дјуси го потпиша законот со кој се забрануваат абортуси доколку постојат признаци на генетска аномалија на фетусот.

– Секој живот содржи неизмерна цена независно од генетскиот состав. Денеска потпишав закон за предимство на животот на нашите неродени деца и заштита на оние со генетски абнормалности, напиша Дјуси на Твитер.

Гувернерот на Ајдахо, Бред Литл синоќа, пак, потпиша закон за забрана на прекин на бременоста откако е детектирано срцебиење на фетусот, кое обично се појавува во петта или шеста недела.

– Државата Ајдахо го цени животот на најневините, нашите деца… Во Ајдахо, стотици и стотици деца годишно го губат животот како резултат на абортуси, тоа е незамислива трагедија, се вели во изјавата на гувернерот.

Законот предвидува исклучоци само ако медицинската дијагноза или бременоста е разултат на силување или инцест. Во Аризона, пак, забраната на абортус при генетскa аномалија на плодот предвидува исклучоци кои го загрозуваат животот или се ризик по здравјето или животот на мајката

За непочитување на законот предвидени се затворски казни.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија