Германија го блокираше стартот на следната фаза од преговорите за членство на Турција во ЕУ, поради начинот на кој турските власти се справуваат со учесниците на протестите во земјата, изјави неименувам европски дипломат.
Според него, Германија го блокирала отворањето на нова глава од преговорите за членство на Турција, со образложение дека „се уште има отворени пралања“.
Ваквите информации од анонимни допломатски извори следуваат по минатонеделната изјава на германскиот канцелар Ангела Меркел дека е „шокирана“ од суровиот одговор на Турција при протестите со што е прекршено правото на слобода на изразување на демонстрантите.