Фудбалерите на Шкендија од Тетово не го поминаа првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Тие синоќа во реваншот на „Шамрок Парк“ кај Портдаун од Северна Ирска загубија со 2:1.
По првото полувреме македонскиот тим имаше предност од 1:0 со голот на Ардиан Цуцули во 4.минута. Пресвртот во вториот дел го најави Ричард Леки во 58.минута, а победата и пласманот во 2.коло квалификациско коло од ЛЕ, на домаќините им ги обезбеди Рос Редман со голот во 80.минута.
На првиот дуел одигран во Куманово резултатот беше нерешен 0:0.
Утре реваншите од 1.коло во квалификациите од ова натпреварување ќе ги одиграат и другите две македонски екипи. Ренова со предност од 4:0 ќе го почне натпреварот во Сан Марино кај Либертас, додека Металург во Куманово против Биркиркара ќе започне со резултат 2:2 од првиот дуел на Малта.