Продолжуваат протестите во Бразил

Од:

Група учесници на протестите во Бразил, синоќа упаднаа во Министерството за надворешни работи во Бразилија, при што се судирија со полицајците кои употребија палки и солазавец за растерување на демонстрантите.

При судирите се повредени десетина лица и се искршени неколку прозорци и влезната врата на Министерството.

Полицијата соопшти дека упасила две лица од групата која го нападнала Министерството. Во текот на вчерашниот ден групи демонстранти се обидоа на навлезат и во зградата на Парламентот и во Претседателската палата во Бразилија, кои се обезбедувани од полиција и пруипадници на Армијата.

Бразилските медиуми јавија дека едно 18-годишно момче загинало во градот Рибејрао Прето, на околу 300 километри северно од Сао Паоло, кога засега непознат маж со автомобил удрил во група демонстранти.

Протести синоќа се одржаа и во Рио де Жанеиро, каде на улиците излегоа околу 300.000 лица, а немири имало и во градот Салвадор, каде се одигра мечот од фудбалскиот Куп на конфедерациите меѓу Нигерија и Уругвај.

Според полициским извори, во тркот на вчерашниот ден протести се одржале во најмалку 80 бразилски градови во кои учествувале меѓу 800.000 и еден милион лица.

Поради демонстрациите против социјалната неаднаквост кои започнаа пред десетина дена како протест поради поскапувањето на јавниот транспорт во Сао Паоло, но подцна се проширија низ целата земја, бразилската претседателка Дилма Русеф ја откажа планираната посета на Јапонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск