Европратениците заработуваат 878 проценти повеќе од обичниот граѓанин во ЕУ

Од:

Обичните граѓани на Европската унија треба да работаат просечно 55 години за да ја заработаат сумата што еден пратеник во Европскиот парламент ја добива за петгодишниот мандат, околу еден милион евра, објави германскиот портал „Прајсферлајх“ (reisvergleich.de).

Во Луксембург обичниот граѓанин треба да работи 24 години за да заработи колку европратеникот за пет години. На Германецот потребни мусе 39 години, на Британецот – 40, на Италијанецот – 45, на Полјакот – 78, а на Бугаринот – 108 години.

Европратениците заработуваат повеќе од нивните колеги во националните парламенти во ЕУ. Просечната плата на европратениците е 17.827 евра месечно или 213.924 евра годишно.

Европратениците имаат и други бенифиции, како патни трошоци и други расходи, пари за канцеларија и персонал, така што месечната плата им достигнува до 21.209 евра месечно или 254.508 евра годишно.

Според истражувањето еден европратеник за петгодишниот мандат добива 1.069.622 евра. Просечниот приход на граѓаните во ЕУ е 21.844 евра годишно, што значи дека европратениците заработуваат 878 проценти повеќе од обичниот граѓанин.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он