Анкета: Над 50 отсто од Американците ја поддржуваат работата на Бајден

Од:

Вашингтон, 27 април 2021 (МИА) – Повеќе од половина Американци го поддржуваат американскиот претседател Џо Бајден по речиси100 дена на власт, покажуваат резултатите од анкетата на Ројтерс/Ипсос, пренесуваат локалните медиуми.

Истражувањето на јавното мислење, во кое учествуваа 4.423 возрасни лица во периодот од 12 до 16 април, покажа дека 55 проценти од Американците ги поддржуваат постапките на Бајден како претседател, дека 40 проценти не го поддржуваат, додека останатите се воздржани.

Бајден доби најдобри оценки за спарувањето со пандемијата на коронавирус, при што 65 проценти од граѓаните го поддржаа неговиот одговор и реакција заразата. За споредба, анкетата спроведена во јануари покажа дека тогашниот претседател Доналд Трамп имаше поддршка од 38 отсто во однос на неговиот одговор на пандемијата.

Анкетата покажа и дека Американците се задоволни од економските политики на Бајден, додека најголеми критики доби во однос на имиграцијата, во момент кога на американско-мексикаската граница пристигнуваат огромен број мигранти. Одговорите на испитаниците покажуваат дека 42 проценти од граѓаните ја одобруваат неговата погранична политика, додека 49 отсто не се согласуваат.

Американците, исто така, генерално ја поддржуваат позицијата на администрацијата на Бајден за животната средина (54 отсто), додека 51 процент се согласуваат во однос на расната нееднаквост. ссм/

2021-04-27 15:38:03, од Сања Костовска

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски