СДСМ: Прераспределбата на Боро Шајн е направено од реваншистички побуди

Од:

ОО на СДСМ Охрид, како сериозна и одговорна партија досега не реагираше на некои несфатливи и неодговорни потези на локалната власт и градоначалникот Никола Бакрачески, почитувајќи ги 100-те џентлеменски денови од преземањето на власта во Охрид, но истовремено не навлегувајќи во разни шпекулации за одредени состојби.

Но со денешниот чин на врачување за разместување на вработените во ЈП „Биљанини извори“ ја прели чашата на толеранција велат од СДСМ Охрид.

„Несфатливо е како може да се прераспределуваат работници на работни места кои не се според нивното образование и квалификации. Прв на удар на ова прераспределување беше висок функционер на СДСМ – Охрид, организициониот секретар на партијата и доскорешен директор на претпријатието, д-р Боро Шајн, специјалист инфектолог, денеска со решение прерараспределен на работното место – наплатувач на јавен паркинг, и уште други 15–тина лица, членови или симпатизери на СДСМ. Овај потег неможе никако поинаку да се сфати, од тоа дека е направен од реваншистички побуди, да се заплаши членството на СДСМ и да се атакува на рејтингот на партијата во Охрид. Со ова предизборните ветувања на актуелниот градоначалник Никола Бакрачески, дека кон вработените во администрацијата и јавните претпријатија кои се под капа на локалната власт, ќе нема никаков реваншизам, биле чист популизам“, стои во реакцијата на СДСМ Охрид.

Од СДСМ бараат од Бакрачески, директорот на јавното претпријатие Цветкоски, како и Управниот одбор на претпријатието да ја преиспитаат ваквата одлука.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда