Владата ќе ги разгледа препораките на Главниот кризен штаб

Од:

Владата денеска ќе одржи редовна седница на која ќе ги разгледа заклучоците од состанокот на Главниот координативен кризен штаб за спречување на ширењето на коронавирусот.

На предлог на Генералниот секретаријат на денешната седница ќе биде разгледана и Предлог – одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата во 2022 година, кои се вградуваат во Годишната програма и Буџетот на Република Северна Македонија.

На дневен ред за разгледување се и Нацрт – годишниот извештај за следење на спроведувањето на Акцискиот план за 2020 година за Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за периодот јануари – декември 2020 година, како и Нацрт-акцискиот план за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2021 година, предложени од Министерството за финансии.

Владата ќе го утврдува и текстот на Предлог-измените на Законот за урбанистичко планирање, а од страна на Агенцијата за млади и спорт ќе бидат презентирани информациите за проектот „Вложување во Младински центри, инфраструктурно и програмски“, за регистар на младински организации и за инклузивно вклучување на лица со попреченост во сите сегменти на спортот.

Седницата ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска, а по нејзиното завршување ќе биде испратено соопштение.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски