Вишеградската група ја поддржува Чешка во дипломатската војна со Русија

Од:

Премиерите на земјите од Вишеградската група, денеска, на вонредна онлајн средба, ја поддржаа Чешка во нејзината дипломатска војна со Русија во врска со аферата и новите откритија и основаните сомневања дека руски агенти учествувале во експлозијата на муниција во Врбјетице во јужна Чешка во 2014 година.

„Ние, премиерите на Полска, Унгарија и Словачка, изразуваме целосна солидарност со Чешката Република во врска со учеството на руските воени разузнавачки агенти во експлозијата во складиштето за муниција во Врбјетице. Го осудуваме овој акт на агресија и кршењето на меѓународното право од страна на Русија на европско тло“, стои во декларацијата на премиерите на Вишеградската четворка по денешната средба.

Унгарија, Словачка и Полска во декларацијата го осудуваат непропорционалното протерување на 20 чешки дипломати од Москва како одговор на, според премиерите, сосема разбирливото протерување на 18 руски агенти на ГРУ и СВР од руската амбасада во Прага на 17 април поради Афера Врбјетица, пренесува Бета.

Премиерите понудија дипломатска и конзуларна поддршка и помош на чешкиот премиер Андреј Бабиш, откако амбасадата на Чешка во Русија остана со само седум дипломати и 25 административни службеници.

„Заедно со чешкиот премиер, ги осудуваме незаконските и брутални активности на руското разузнавање. Нема да дозволиме ова да предизвика поделби во Европа. Земјите од Вишеградската група се решени да преземат мерки заедно со другите земји-членки на ЕУ за зајакнување на нашата отпорност“, се посочува во деларацијата на претседателите на владите на земјите од В4. ссм/

Би можело да ве интересира

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте