Пад на цените на нафтата

Од:

Цената на нафтата на њујоршката берза се намали за 2,08 долари, односно за 2,4 проценти по барел.

Вредноста на суровата нафта на берзата во Њујорк вчера достигна 83,91 долар за барел, додека европската „брент“ нафта на берзата во Лондон се продаваше за 97,97 долари за барел, што е пад од 2,35 долари.

Истовремено, со падот на цените е зголемен и увозот на нафта во Кина, која е втор најголем увозник на нафта во светот, веднаш по САД. Увозот на нафта во Кина во јуни е зголемен за шест проценти.

Сепак, тоа е помалку од очекуваното, а последица за тоа е намалената економска активност на Кина. Доколку ваквиот тренд продолжи, може да се очекува дополнително намалување на цените.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот