Филипче: Денеска има помалку од сто новозаболени

Од:

Бројот на новозаболени од Ковид-19 се намалува, трендот е дефинитивно таков, епидемиолошката крива е во опаѓање. Денеска има и помалку од 100 новодијагностицирани случаи. Сето тоа се чувствува и во болниците насекаде низ државата, каде беа многу полни капацитетите, сега има тренд и тој број испишани пациенти е поголем од примените, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека се намалува притисокот кон болниците во внатрешноста со префрлање пациенти во скопските јавно здравствени институции и системот на координација меѓу клиниките.

– Ако имавме најголема бројка од близу 200 приеми на почетокот на април во текот на вчерашното денонокие бројот е 69. Споредено со најголемата вкупна бројка на хоспитализирани – 1789, сега тој број е околу 1400. Значи се намалува и бројот на хоспитализирани пациенти, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски