Спасовски: Многу чудна интерпелација, проблем е што се апсат дилери, криминалци, разбојници?

Од:

Со статистики за сработеното, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кажа дека интерпелацијата во Собрание за него е само можност да промовира што сработил изминатава година. Спасовски на почетокот од своето обраќање кажа дека интерпелацијата поднесена поради бегството на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, е неоправдано, бидејќи нему сега постојано му се зголемуваат годините што треба да ги помине во затвор. Затоа, министерот кажа дека е спокоен, а интерпелацијата ја оцени како чудна.

„Дали денес е проблем што полицијата апси нарко дилери, разбојници? Нема високи и мали криминалци, има криминалци и чесни луѓе. Апсиме секој еден што не ги почитува законите на државата, не го почитува интересот на граѓанинот, оној кој не почитува како се трошат парите на граѓаните во оваа земја. Нема пардон за никого. Дали е проблем што од институција со разнишана доверба, се позиционираме во една од институциите кои има најголема доверба? Погледнете ги анкетите, оние на ГРЕКО и ОБСЕ. Оваа интерпелација за мене е уште една можност да го промовирам работењето на полицијата. Ниту една држава не е имуна на криминал. Се бара одговорност за секој еден криминалец, без разлика дали е дел од парламентот или не. Имаме успешна акција на МВР која се проширува во меѓународно ниво. Ова парламентарно мнозинство знае до крај да ги спроведе сите активности кои ќе значат борба против криминал и корупција“, рече Спасовски.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата за интерпелацијата на Спасовски. Нивниот список на говорници не беше прифатен од собранискиот спикер Талат Џафери, бидејќи како што кажа, не го поднеле навреме.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е поднесена од пратениците од Алијансат на Албанците и Алтернатива. Како предлагачи се потпишани Зијадин Села, Африм Гаши, Скендер Реџепи, Елми Азири, Сурија Рашиди, Халил Снопче, Илире Даути, Сафије Садики Шаини, Атнан Незири, Абдула Салиу, Артина Ќазими, Хусни Исмаили.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште