Санкционирани 815 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера спровело зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина повеќе од дозволената на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани биле 815 возачи. Од нив, 170 на територијата на СВР Тетово, а 134 се движеле над дозволената брзина на територијата на СВР Куманово.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од министерството.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ