Сообраќајната полиција изрече 210 казни во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје, при што се изречени вкупно 210 мерки, меѓу кои 41 за возење со брзина поголема од дозволената, четири за возење без возачка дозвола и шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти МВР.

– Изречени се три санкции за користење мобилен телефон, 19 прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, три за возач почетник и шест санкции за непрописно паркирани возила. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.

Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ