За шест часа 170 казни за брзо возење во Тетово и Гостивар

Од:

За шест часа при вчерашната акциска контрола, сообраќајните полицајци при СВР Тетово изрекле казни за вкупно 170 луѓе кои управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од вкупниот број прекршоци, 92 се на територијата на Тетово, а 78 на територијата на Гостивар.

-Во периодот од 13:00 до 19:00 часот на подрачјето на СВР Тетово е спроведена засилена сообраќајна контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Санкционирани се вкупно 170 прекршоци, од кои 122 прекршоци од возачи кои возеле пребрзо надвор од населено место и 48 во населено место, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од вкупниот број казнети возачи, 34 возеле со дури над 70 километри на час над дозволената брзина, а 107 со дури над 50 километри на час над дозволената брзина.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ