Папа: Финансиските спекулации и корупцијата се виновни за глад на милиони луѓе

Од:

Папата Франсис рече денеска дека финансиските спекулации и корупцијата се виновни за глад на милиони луѓе и оти финансиската криза не може да се користи како алиби за намалување на помошта за сиромашните.


– Добро е познат фактот дека моментното производство е доволно, но милиони луѓе и понатаму гладуваат. Тоа е навистина скандалозно, рече папата на конференција во Рим на Организацијата на ОН за храна и земјоделие.


Папата Франсис додаде дека мора да се најде начин сите да имаат корист од „плодовите на земјата, а не само да се премости јазот меѓу богатите и оние кои мора да се задоволат со трошки што ќе паднат од маса“.


Тоа е нова во низата критики на папата на сметка на „диктатурата на економијата“ и ширењето на потрошувачкиот менталитет, наведуваат западни медиуми.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска