ВИДЕО: Луѓе со сладоледи и кафиња безгрижно шетаа со маските на лакт, во Градски парк како да не постои Ковид-19

Од:

Сонцето и топлото време ги извади скопјани надвор, а во Градскиот парк речиси и да немаше место каде немаше групирано и по десетина млади. Најмногу од нив, со пијалоци и музика се забавуваа на почетокот од парокот, кај така наречениот дел со „сепариња“, кај фонтаната Лотус. Ретко можеше да се забележи дека некој од нив носи маска, а вообичаено, на протоколите против ширење на ковид-19 внимаваа само повозрасните.

Поради актуелноста на Европското првенство и албумот со сликички на „Панини“, дел од посетителите на Градскиот парк го искористија сончевото време за да се разменат сликички. Речиси и да немаше слободна клупа или место на тревата за да се седне.

На сила се уште е целосната забрана за работа на угостителските објекти. Па затоа, посетителите купуваа пијалоци и храна од комбе поставено на почетокот од паркот. Пред него, ред чекаа и по десетина луѓе.

Иако групирањето е казниво, а носењето на маски е задолжително, во Градскиот парк едвај можеа да се забележат неколку полициски службеници кои ги казнуваа оние кои не ги почитуваат мерките.

Во текот минатиот ден на територијата на цела држава, МВР регистрирало вкупно 678 граѓани кои не носеле заштитна маска.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Тројца полнолетни скопјани и три деца со пиштол вршеле разбојништво во Градскиот парк

Малолетничка е нападната во скопскиот Градски парк