Русија ќе го исполни спорниот договор за испорака на ракетни системи за ПВО С-300 на Сирија, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Ги почитуваме сите договори и сите обврски од договори. До моментот договорите не се заклучени и испораките не се реализирани докрај, изјави Лавров за Росија-24.
Минатиот месец Москва призна дека се согласила да и продаде на Сирија модерни ракети за ПВО С-300. Лавров додаде дека Русија ќе ги блокира сите барања за оставка на Владата на Башар Асад на планираната конференција во Женева.