(ВИДЕО) Ужасна трагедија во Багдад: 82 жртви во пожар во ковид центар

Од:

Најмалку 82 лица досега загинаа во пожарот што рано утринава ја зафати болницата „Ибн ал-Хатаб“ во Багдад, соопшти ирачкото Министерство за внатрешни работи.

Во пожарот се повредени уште околу 110 други пациенти, болни од Ковид-19, а кои биле сместени во болницата што се наоѓа во југо-источниот дел на Багдад, јави државната агенција ИНА, цитирајќи го ирачкото МВР.

Претходно, член на полуофицијалната ирачка Висока комисија за човекови права соопшти дека бројот на загинати е 58 лица.

Министерството за внатрешни работи исклучи дека причина за пожарот е криминален мотив, што, според извештаите, почнал на Одделот за интензивна нега.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак