Епидемиолошка состојба со Ковид-19 ќе ги одреди следните препораки на Комисијата за заразни болести, по што ќе следуваат одлуките околу мерките кои би биле на сила во претстојниот празничен период.
Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на Ковид-19 се со важност до 27 април.
Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 564 случаи со Ковид-19, 22 починати и 1 357 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во земјава изнесува 17.128, од кои 7737 се во Скопје.
На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1528 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот од кои 596 пациенти во Скопје.