Од исклучителна важност е поттикнување на ликвидноста на стопанството. Околу 2 милиони евра од Шестиот пакет мерки се наменети за поддршка на компаниите кои ја реинвестирале добивката од 2020 година, напиша премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил.
Во објавата додава дека мерката која ќе се реализира преку Развојната Банка, ќе им помогне на компаниите да ја зголемат ликвидноста, да ги реализираат своите инвестициски планови и да продолжат со својот развој, преку субвенционирање на каматни стапки.