Либанскиот претседател Мишел Слејман го повика Хезболах да стави крај на учеството во борбите во Сирија, истакнувајќи дека таквата интервенција предизвикува тензии и во Либан.
Во интервју, објавено денеска во весникот „Ас Сафир“ Слејман предупредува дека ако Хезболахучествува и во борбите за Алепо тоа ќе предизвика зголемување на тензиите во Либан.
Хезболах имаше клучна улога на почетокот на јуни во борбата за градот Кусеир во Сирија. Движењето помогна на силите лојални на претседателот Башар ал Асад да ја вратат контролата врз градот.