ВМРО-ДПМНЕ: Богдановиќ мора да одговара, во друга нормална држава ќе имаше оставка

Од:

Петти ден молк од обвинителството за случајот на Саша Богдановиќ. Саша Богдановиќ не само што ја злоупотребил дозволата за движење, туку свесно ги прекршил и законите обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Јасно стои во записникот од Пазарната инспекција дека Богдановиќ се чекирал во хотелот точно на полноќ, а снимката која ја виде цела јавност како Богдановиќ седи во кафеана со уште две лица како го служи келнер е направена претходно односно 3 часа пред Богдановиќ да се чекира во хотелот за престој. Додека власта ги затвора угостителските објекти, а граѓаните се затворени дома, додека оние го прекршиле полицискиот час плаќаат по 2.000 евра казна, Саша Богдановиќ седи во кафеана со уште две лица и не одговара за кршење на законите. Во друга нормална држава за вакво однесување се поднесуваат оставки, само кај нас се бараат оправдувања, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис