ВИДЕО: Одложена седницата за ДУП-овите

Од:

И последниот обид да поминат урбанистичките планови поради кои се протестираше пред општината Центар беше неуспешен.

Седницата беше одложена откако советниците на ВМРО-ДПМНЕ бараа да биде присутен и градоначалникот Андреј Жерновски, а доколку не може тој, тогаш инсистираа да се каже кој е негов заменик, но и дека истиот нема да може да гласа.

Петтата седница е презакажана за 12. јули, додека на 11. јули ќе биде шестата седница со други точки на дневен ред.

Бидејќи градоначалникот не е поднесувач на предлозите нема ниту деловничка, ниту статутарна обврска да присуствува на седницата.

Во моментот кога се правеше обид да почне седницата, Жерновски имаше претходно закажани работни обврски и средби.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила