ОБСЕ загрижена за притисоците врз Општина Центар

Од:

Висока делегација на ОБСЕ предводена од Амбасадорот Ралф Брет, денеска беше примена од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Преставниците на ОБСЕ се добро запознаени со случувањата околу општина Центар, за притисоците кои се вршат врз општината, за секојдневните инспекции и казни.

Како што самите посочија на средбата, запознаени се со реалната слика, особено со однесувањето на полицијата за време на протестот кој што беше организиран пред Општината, за вандализмот, во што и лично се увери Амбасадорот Брет и за демолирањето на просториите на Советот на општина Центар.

ОБСЕ го информирал градоначалникот Жерновски дека за овие прашања разговарале со Министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека јасно ги изразиле своите ставови и гледишта за настаните.

На средбата на ОБСЕ со градоначалникот на Центар, било разговарано и за случувањата на локалните избори, како и за можноста за предвремени парламентарни избори.

Претставниците на ОБСЕ се интересирале за тоа каква е состојбата во опозицијата и дали ЛДП, каде што е лидер Градоначалникот на општина Центар, ќе ја продолжи соработката во коалицијата.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории