Италијанската полиција во Бриндизи успеала да разбие опасна криминална банда, која шверцувала кокаин и оружје од Албанија, јави дописникот на МИА од Тирана.
Во акцијата биле вклучени припадници на Гуардиа ди финанца и одделот за антимафија. Уапсени се осумнаесет членови на бандата меѓу нив осум албански државјани, додека по уште тројца нивни сонародници полицијата трага.
Меѓу уапсените се Марте Кокли, (55) Даниел Кокли (28) и Вилсон Кокли (25) кои ја предводеле групата. Уапсените кокаинот го продавале во ноќни локали и дискотеки. Полицијата запленила 700 грама кокаин,како и недвижен имот и автомобили во вредност од 250 илјади евра.