Лефков: Софтверот со прашањата за испит за судии и обвинители во канцеларијата на Рашковски фрла сомнеж и дамка на легитимноста на спроведените испити

Од:

„Истрагата околу Драги Рашковски добива нови димензии, при претресот во неговата канцеларија на Правниот факултет во Скопје, која ја користела и фирмата „Инвока“, како што сведочат професорите на факултетот за медиумите, пронајден е софтверот за прашањата за полагање на испитот за судии и јавни обвинители од Академијата за судии и јавни обвинители. Оттука се поставува прашањето што бараат прашањата во канцеларијата на Рашковски, но и што бара приватната фирма „Инвока“ во универзитетски кампус?

Изборот на новите судии и јавни обвинители, кои го положиле испитот, беше проследен со критики во јавноста, особено што имаше поголем број на кандидати кои положиле со 100 од вкупно 100 поени, но и голем број на синови, ќерки и роднини на високи функционери на власта“, вели Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Судии и обвинители станаа, Билјана Иванова, сопруга на синот на Цветанка Иванова, Кирил Георгиев, син на врховниот судија Наќе Георгиев, Александра Макаровска Димовска, поранешна вработена во СЈО, внука на Станка Атанасова, поранешна пратеничка од СДСМ од Свети Николе, Гордана Василева, поранешна вработена како соработник во Основниот суд во Струмица, блиска пријателка на генералниот секретар Рашковски, Ќерките на обвинителките Лилјана Спасовска и Гордана Смаќоска, синот на заменичката на Катица Јанева, Елизабета Јосифовска и мноштво други.

Софтверот со прашањата за испитот за судии и јавни обвинители во канцеларијата на Рашковски фрла дамка и сомнеж врз целиот процес, врз неговата легитимност, и точност.

Дали прашањата за судии и обвинители им се давани на одредени кандидати однапред или пак истите се продавани? Дали Рашковски местел и тргувал со прашањата?

Според информациите кои излегоа во медиумите софтверот на Академијата за судии и јавни обвинители е одржуван од страна на фирмата „Инвока“, поврзана со Рашковски и крими тендерите. Таа ги имала прашањата, а во влада каде генерален секретар бил Рашковски се наоѓал серверот. Прашањата, софтверот и серверот за прашањата за испитот за судии и обвинители се на релација Рашковски – „Инвока“.

Од овде бараме ЈО да преземе итни мерки за расчистување на овој случај. Да се повикаат на распит сите кои го положиле испитот и да се разгледа неговото поништување или повторно полагање. Не може судии и обвинители да бидат плод на криминал и местенки.

Одговорност веднаш“, изјави Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски