Во текот на вчерашниот ден спроведена е акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 34 возачи.
Како што денеска соопштија од МВР, од нив 21 на тетовското и 13 на поширокото гостиварско подрачје. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.
Се најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.